Државната лотарија на Србија за првите шест месеци од годината во државниот буџет уплатила 1,5 милијарди динари (околу 16,1 милиони евра).Како што објавија српските медиуми, ова во споредба со истиот период лани, претставува пораст од 5%. Директорката на Лотаријата на Србија, Тијана Анѓелкиќ вели дека без оглед на кризата, нема да има никакви измени во висината на данокот на игрите на среќа.Според правилата, 50% од наградниот фонд во класичните игри на среќа оди за играчите, а 30% од вкупниот промет оди за државата, појасни Анѓелкиќ,