Tема на број:Грција нa работ на банкрот! Од ЕУ бараат 300 милијарди евра! Недвижности: Становите нема да поскапат во 2010! Европски фондови:Стигнаа првите 20 милиони...
Дводневна обука за запознавање со моѝностите за користење на ИПАРД програмата на ЕУ наменета за земјоделие и рурален развој. По оваа обука, учесниците ќе бидат детално запознаени со критериумите и условите за користење на ИПАР,...
Бизнис стил е прилог во кој може да дојдете до интересни идеи и предлози како да го подобрите вашиот бизнис стил. Прилогот опфаќа текстови за стилот на облекување, енетриерот во канцелариите, предлог деловни подароци, зимски...
Почитувани читатели и клиенти,
Ве известуваме дека од почетокот на 2010 година содржините на веб порталот Тотал ќе бидат привремено недостапни поради интегрирање на сите активности во рамки на компанијата Капитал Медиа Гроуп. Нашата компанија во 2010 година влегува во нова фаза од својот развој која освен издавањето на неделникот Капитал ќе вклучува и издавање на дневен весник за бизнис и политика. Освен тоа, бројот и интензитетот на издавање специјализирани изданија под брендот Капитал исто така останува наш силен приоритет и во следниот период, додека организирањето обуки, семинари, предавања, конференции и други настани од исклучително значење за македонската деловна заедница се наша долгорочна цел и визија од која не отстапуваме.
Потребата од интегрирање на сите овие функции со еден заеднички именител и препознатлив корпоративен имиџ доведоа до одлуката www.total.com.mk привремено да биде надвор од функција. Нашата Интернет видливост и определбата нашите Интернет содржини да бидат прв, посакуван и корисен извор на информации за нашите читатели и клиенти остануваат високо на агендата на Капитал Медиа Гроуп, поради што во периодот февруари-април, сите содржини ќе бидат интегрирани во една единствена веб адреса.
Со почит, Капитал Медиа Гроуп