Мојот бизнис

Џејми Дајмон-ЏП Морган Чејс: Банкарот што ја победи финансиската криза

Игор ПетровскиПод водство на Џејми Дајмон, ЏП Морган Чејс (JP Morgan Chase) излезе од минатогодишната финансиска криза како уште поуспешна и поголема компанија. Додека другите банки на Вол Стрит презедоа многу доходни и ризични чекори во изминативе години, Дајмон се потпираше на поконзервативните методи на управување со средствата на оваа њујоршка банка, лично надгледувајќи ги сите поризични операции. Така, ЏП Морган успеа да го преброди финансискиот колапс и уште згора на сe, да купува други банки насред хаосот што владееше на пазарот. Во март лани, ЏП Морган ја купи Беар Стернс (Bear Stearns) за 1,4 милијарди долари, а во септември истата година ги купи средствата на инвестициската банка Вашингтон Мјучуал (Washington Mutual) сосе 2.239-те експозитури, за 1,9 милијарди долари. Во моментов, ЏП Морган Чејс е една од најголемите компании за финансиски услуги во светот, со капитал од преку 2,2 илјади милијарди долари, и бизнис-операции во преку 60 држави. Дајмон, кого го нарекуваат и “херојот од Вол Стрит” е толку ценета личност во американските финансиски и политички кругови во моментов, што деновиве во Вашингтон “се шушка” дека тој е најверојатно следниот државен секретар за финансии во администрацијата на претседателот Барак Обама, односно ќе го замени Тимоти Гејтнер на оваа позиција. Дајмон е човекот кој што придонесе Ситигруп (Citigroup) да стане најголема банка на светот во годините кога беше дел од нејзиното раководство, но во 1998 година, доби отказ од тогашниот ЦЕО Сенфорд Веил, за што многумина и ден денес се чудат. Голем дел од успехот на Дајмон се потпира на неговото огромно внимавање на ризикот. Тој секој месец одржува темелни состаноци со шефовите на сите оддели на банката каде што тие одговараат на сите можни прашања поставени од него. Агендата на овие состаноци варира од производи, системи, конкуренција, поплаки на клиентите, па с$ до тоа дали банкоматите работат исправно или работната сила се зголемила прекумерно. Единствената точка што е на секој од овие состаноци е вистината- нешто на кое Дајмон инсистира од своите менаџери и не се срами да им ја каже на своите вработени. Следат неколку чекори до успехот според Џејми Дајмон.
 
 
1. Собирајте знаење од сите можни извори
“Сe може да го збогати вашето знаење: печатени извори, луѓе, не е важно... Битен е квантумот на знаење што го собирате. Ако сакате да сте успешни во тоа што го работите, треба хипотетички да го прочитате секој важен напис што ќе се појави за вашето поле на интерес, секој ден.
Седнете на пијалак со секој што има потенцијал да ви пренесе некое знаење за вашата област. И тоа нека бидат десетина луѓе во неделата, најмалку”
 
2. Успешното лидерство бара големи жртви
“Водењето компанија е тешка работа”, вели Дајмон. “Денови, ноќи, викенди, дури и на годишен одмор сте преокупирани со работата. Ова е нешто што е типично за сите успешни луѓе. Барањето некаков баланс не е вообичаено кога се наоѓате на највисоките нивоа на успех”.
 
3. Бидете упорни
“Битките не се добиваат за еден ден. Трошоците не се кратат за еден ден. Треба да имате енергија да ги војувате важните битки во работата и животот, постојано и неуморно”, вели Дајмон.
 
4. Наградете ги добрите работници, ослободете се од лошите
Дајмон е познат како човек што верува во меритокрација, односно систем каде што одговорностите и признанијата се доделуваат врз основа на талентот и способноста, а не заради непотизам и други причини. Дајмон ги стимулира добрите работници со унапредување, а за лошите смета дека треба да си одат од компанијата.
“Затоа Американците обожаваат спортови. Таму е сe толку јасно – победуваш или губиш - додека во корпоративна Америка, ако оплескаш, секогаш постои некое оправдување”, смета Дајмон.
 
5. Инсистирајте на максимална отвореност за време на состаноците
Џејми Дајмон особено се лути доколу менаџерите премолчуваат нешто за време на компаниските состаноци, од грижа да не налутат некого од колегите. “Не ме интересира дали некој ќе се вознемири. Состаноците во олку голема банка се драгоцен извор на информации што може да бидат споделени помеѓу различните оддели. Тие ми помагаат мене како на главен извршен директор да ги откријам и менаџирам проблемите, притоа давајќи ми подлабоко чувство за ризиците кои што сме ги презеле како компанија”, вели Дајмон.
 
6. Лично надгледувајте го менаџирањето со ризици
Дајмон добро знае каде лежи ризикот во организацијата што ја раководи. ЏП Морган избегна голем број од клучните грешки што го направија другите банки, кои беа всушност и главната причина за финансиската криза што почна во САД и се прелеа низ цел свет. Некои директори на банки го делегираат управувањето со ризици, но Џејми Дајмон лично го надгледува, истакнуваат аналитичарите на Вол Стрит.
 
7. Непотребни трошоци може да пронајдете во секое катче на компанијата
Кон крајот на 2006 година, неколку месеци откако беше назначен за прв човек на ЏП Морган Чејс, Дајмон нареди истрага за тоа колку всушност телефонски линии има во банката. Откри дека 50.000 телефонски линии воопшто не се користат. Но, компанијата плаќаше за нив затоа што никој не го контролирал овој трошок.
“Компаниите по правило се расфрлаат: премногу луѓе, премногу неискористен простор, премногу неефикасни одлуки, бази на податоци во корпоративните седишта што не треба да бидат таму”, категоричен е Дајмон околу растрошноста на една фирма
KAPITAL

Најновиот број на Капитал донесува:

Tема на број:Грција нa работ на банкрот! Од ЕУ бараат 300 милијарди евра!
Недвижности: Становите нема да поскапат во 2010!
Европски фондови:Стигнаа првите 20 милиони...


ВАЛУТА Куповна Средна Продажна
EUR 61,34 61,64 61,95
USD 47,79 48,03 48,27
Цела курсна листа

  • Календар на настани

    <   Настани за месец септември 2010   >
    П В С Ч П С Н
      1 2 3 4 5
    6 7 8 9 10 11 12
    13 14 15 16 17 18 19
    20 21 22 23 24 25 26
    27 28 29 30  

Почитувани читатели и клиенти,

Ве известуваме дека од почетокот на 2010 година содржините на веб порталот Тотал ќе бидат привремено недостапни поради интегрирање на сите активности во рамки на компанијата Капитал Медиа Гроуп. Нашата компанија во 2010 година влегува во нова фаза од својот развој која освен издавањето на неделникот Капитал ќе вклучува и издавање на дневен весник за бизнис и политика. Освен тоа, бројот и интензитетот на издавање специјализирани изданија под брендот Капитал исто така останува наш силен приоритет и во следниот период, додека организирањето обуки, семинари, предавања, конференции и други настани од исклучително значење за македонската деловна заедница се наша долгорочна цел и визија од која не отстапуваме.

Потребата од интегрирање на сите овие функции со еден заеднички именител и препознатлив корпоративен имиџ доведоа до одлуката www.total.com.mk привремено да биде надвор од функција. Нашата Интернет видливост и определбата нашите Интернет содржини да бидат прв, посакуван и корисен извор на информации за нашите читатели и клиенти остануваат високо на агендата на Капитал Медиа Гроуп, поради што во периодот февруари-април, сите содржини ќе бидат интегрирани во една единствена веб адреса.


Со почит,
Капитал Медиа Гроуп