Просечната месечна исплатена нето-плата во јуни годинава е 20.070 денари или околу 324 евра, што е за 42 денара помалку од исплатената во јуни. Просечната бруто-плата е 30.171 денар, покажуваат новите податоци што ги објави Државниот завод за статистика.
Споредено со јуни минатата година, просечната нето-плата е повисока за 27,4%. Но, од Државниот завод за статистика истакнуваат дека треба да се има предвид оти од почетокот на годината, со примена на концепцијата за бруто-плати, настанаа структурни промени во податоците за нето-платите со вклучување на надоместоците за храна и превоз во платите. Поради тоа, при споредба на податоците треба да се има предвид и овој факт.
Во јуни, најмногу пораснале платите на вработените во секторите рударство и вадење камен, образование и градежништво. Тој месец 4,6% од вработените во земјава не примиле плата, што е за 4,3% помалку во споредба со истиот период лани.
(Тотал)