Вкупното индустриско производство во јули 2009, споредено со истиот месец минатата година забележа пад од 19,8%, соопшти денеска државниот завод за статистика.
Според податоците на Заводот индексот на индустриското производство во јули 2009 година, во однос на јули 2008 година, изнесува 80.2.
Најголем пад на индустриското производство во јули е забележано во преработувачката индустрија од 21,5% и во секторот на Вадење руси и камен за 24%. Благ пад од 0,2% пак е забележан во секторот за производство на енергија.
Гледано според главните индустриски гранки производството во јули 2009 година споредено со истиот месец лани бележи раст само во секторот Снабдување со електрична енергија вода и гас за 5,7%.
Според Заводот за статистика, индустриското производство за првите шест месеци од годината споредено со првите шест месеци од 2008 година паднало за 13,3%
(Тотал)