Цената на електричната енергија во Црна Гора од 1 јануари ќе биде пониска просечно за скоро 16%, соопшти Регулаторната агенција за енергетика на Црна Гора. За домаќинствата кои имаат двотарифен бројач, цената за киловат ќе биде пониска за 10,08%, а за оние домаќинста кои имаат еднотарифнен бројач цената ќе биде пониска за 18,69% од моменталната.
Зголемена е цената на струјата за Комбинатот за алуминиум за околу 7,76%, додека пак за Железарницата, цената на струјата следната година ќе биде пониска за 28%. Железницата на Црна Гора ќе има пониска цена за околу 24%, а за дистрибутивните постројки, просечната цена ќе биде намалена за околу 20%. За потрошувачите ба 35 киловолтната мрежа цената ќе биде намалена за 23,15%, а за потрошувачите на 10 киловолтната мрежа за 19,92%.
(Тотал)