Во градот Находка, во Приморскиот крај на Русија, рускиот премиер Владимир Путин денеска свечено го пушти во експлоатација нафтоводот "Источен Сибир Тихи океан" (ИСТО) и даде одобрение за полнење на првиот танкер со нафта, пренесе ИТАР-ТАСС.
Главна цел на нафтоводот е транспортирање на нафта од нафтените реони на Западен и Источен Сибир до Далечниот исток и перспективните пазари на Азиско-Тихоокеанскиот регион.
Системот ИСТО ќе биде технолошки поврзан со актуелните магистрални нафтоводи на "Транснефт" и ќе дозволи да се создаде единствена мрежа, што ќе обезбеди оперативно распределување на нафтените количества по територијата на Русија на запад и на исток.
Одлуката за изградба на првата етапа од нафтоводот беше донесена на 31 декември 2004 година. За пет години завршивме се што имавме замислено, рече денеска рускиот премиер.
Вредноста на оваа прва етапа на системот е 360 милијарди рубљи. Уште 60 милијарди се одобрени за доопремување на пристаништето во Козино
(Тотал)