Водечките германски концерни во 2009 укинале вкупно 116.385 работни места, од кои 45.354 се однесуваат на територијата на Германија.
Според податоците што во понеделникот ги објави Магазинот „Шпигл“, најмногу работни места годинава укинала осигурителната компанија „Алијанс“, која бројот на вработените го намалила за 30%.
Над 4.200 работни места затворил автомобилскиот концерн „Дајмлер“, трговскиот концерн „Метро“ укина 3.800 работни места, „Тисенгруп“ 3.200, а „Сименс“ 3.000.
Со оглед на тоа што станува збор за џиновски компании, процентот на намалени работни места во овие компании и не е така драматичен.
Според „Шпигел“, вкупниот број на новоотворени работни места во Германија е за 18.000 помал од вкупниот број на затворени работни места.
(Тотал)