Претставници на инвестицискиот фонд „Салфорд“ денеска на средба со премиерот Никола Груевски ќе го информираат за идните инвестиции во земјава.
Фондот „Салфорд“ преку „Данубе фудс“ е сопственик на ИМБ млекарница Битола, која е најголем производител на млеко и млечни производи во земјава и прва сертифицирана компанија во Македонија со доделен извозен број.
“Предмет на овој состанок ќе бидат идните инвестиции во Македонија, перспективите на македонската млечна индустрија, регионалните проекти, активностите за подобрување на квалитетот на млекото и извозот во ЕУ“ изјави Предраг Цветковиќ, претседател на управниот одбор на „Данубе фудс“.
(Дневник)