Регион

Фијат вложува 100 милиони евра во Србија

Основачкиот влог од 100 милиони евра од итaлијанскaта компанија Фијат, во вторник треба да „легнат„ на сметката на српската фабриката за автомобили Фијат, соопштија медиумите.
Кога парите ќе легнат на заедничката сметката на италијанската компанија Фијат и Владата на Србија, фабриката „Застава“ во Крагуевац ќе почне со производство на Фијат автомобилите .
Другиот дел од вложувањето на Фијат од 100 милиони евра треба да бидат уплатени во текот на 2010 година.
Инвестицијата на новите автомобилски модели во Крагуевац се очекува да биде над 700 милиони евра, а планирано е фабриката Фијат Србија да поседува  капацитет од 200 илјади возила годишно.
Двата нови модела на автомобили произведени во Крагуевац ќе бидат лансирани во другата половина на 2011 година.
Овие автомобили ќе бидат наменети за пазарите во Европа и САД.

(Toтал)

 

KAPITAL

Најновиот број на Капитал донесува:

Tема на број:Грција нa работ на банкрот! Од ЕУ бараат 300 милијарди евра!
Недвижности: Становите нема да поскапат во 2010!
Европски фондови:Стигнаа првите 20 милиони...


ВАЛУТА Куповна Средна Продажна
EUR 61,35 61,66 61,97
USD 48,14 48,39 48,63
Цела курсна листа

  • Календар на настани

    <   Настани за месец септември 2010   >
    П В С Ч П С Н
      1 2 3 4 5
    6 7 8 9 10 11 12
    13 14 15 16 17 18 19
    20 21 22 23 24 25 26
    27 28 29 30  

Почитувани читатели и клиенти,

Ве известуваме дека од почетокот на 2010 година содржините на веб порталот Тотал ќе бидат привремено недостапни поради интегрирање на сите активности во рамки на компанијата Капитал Медиа Гроуп. Нашата компанија во 2010 година влегува во нова фаза од својот развој која освен издавањето на неделникот Капитал ќе вклучува и издавање на дневен весник за бизнис и политика. Освен тоа, бројот и интензитетот на издавање специјализирани изданија под брендот Капитал исто така останува наш силен приоритет и во следниот период, додека организирањето обуки, семинари, предавања, конференции и други настани од исклучително значење за македонската деловна заедница се наша долгорочна цел и визија од која не отстапуваме.

Потребата од интегрирање на сите овие функции со еден заеднички именител и препознатлив корпоративен имиџ доведоа до одлуката www.total.com.mk привремено да биде надвор од функција. Нашата Интернет видливост и определбата нашите Интернет содржини да бидат прв, посакуван и корисен извор на информации за нашите читатели и клиенти остануваат високо на агендата на Капитал Медиа Гроуп, поради што во периодот февруари-април, сите содржини ќе бидат интегрирани во една единствена веб адреса.


Со почит,
Капитал Медиа Гроуп