Тековната економска состојба на претпријатијата и обезбеденоста на производството со порачки во ноември во однос на октомври годинава била понеповолна, оцениле раководителите на фирмите.
Во ноември залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под нормалата, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).
Според раководителите на фирмите, обемот на производството на претпријатијата во ноември годинава бележи благ раст во споредба со октомври, очекувањата за обемот на производството се пооптимистички, а пооптимистичка е и оценката за очекуваниот број вработени.
Залихите на готовите производи во ноември година се зголемени во споредба со октомври.
Раководителите на фирмите оцениле дека во наредниот период просечните набавни цени на суровините ќе се намалат, како и продажните цени на готовите производи.
Просечното искористување на капацитетите на претпријатијата во ноември годинава во однос на претходниот месец, е малку намалено и изнесува 51,3% од нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во минатиот месец имале недоволната странска побарувачка со 25,9%, недоволната домашна побарувачка со 19,1%, неизвесното економско опкружување со 13% и финансиските проблеми со 12,1%
(Тотал)