Основниот суд во Бањалука вчера започна стечајна постапка над компанијата Певец во Бањалука.Во соопштението од основниот суд како што пренесуваат бањалучките медиуми, се наведува дека е одредена привремена мерка за забрана на стечајниот должник без согласност ан стечајниот управник да располага со движниот и недвижниот имот на компанијата.
Судот во Бањалука ја донесе оваа одлука откако минатат недела беше покрената стечајна постапка и во Певец во Бјеловар.
Певец на работниците им должи три плати и уплата за даноци и придонеси, а долгот кон добавувачите е намален преку компензации.
Директорот на белградскиот Певец, Драган Малиновиќ смета дека тој трговски центар нема да отиде во стечај, бидејќи на 28 декември ќе почне да преговара со најголемиот доверител ОТП Банка во Србија за реконструирање на долгот на Певец.
Певец на македонскиот пазар е присутен од 2008 година и има само еден трговски центар во Гостивар.
(Тотал)