Свет

Бочвата е отворена – Октобер фест започна

Бочвата е отворена, извика градоначалникот на Минхен, Кристијан Уде додека го отвараше првото буре пиво, со што во саботата попладне е означен почетокот на најголемиот фестивал на пивото во светот Октоберфест.
“Ова е наубавата и најголемата слава на светот“, изјави баварскиот премиер Гунтер Бекштајн после првите неколку голтки пиво.
Со музика и закитена поворка од љубителите на овој фестивал кои дефилираа по улиците на баварската престолнина, традиционалниот 175-ти Октоберфест веќе првиот ден исполни  многу од очекувањата. Вештите баварски келнерки, носејќи по десетина кригли во рацете, ги воодушевуваат гостите од Европа, Америка, Австралија, а организаторите очекуваат дека посетителите ќе испијат повеќе од шест милиони литри пиво.
Традиционалната литарска кригла е поскапена, така што сега чини помеѓу 7,80 и 8,30 евра, што во просек е за 40 центи поскапо од минатата година, а тоа на угостителите на Октоберфест им гарантира добра заработувачка. Еден претставник на пиварите високата цена на пивото ја оправдал и со високата закупнина на шаторите.
Шест милиони луѓе. колку што се очекува дека до 5 октомври ќе го посетат Октоберфест, ќе можат да се забавуваат на површина од дури 31 хектар, во 14 големи шатори во центарот на Минхен.
На фестивалот, освен милионите литри пиво, ќе се изедат и преку половина милион печени пилиња, повеќе од 100 вола, 150.000 колбаси и многу переци и останати традиционални баварски пецива. На фестивалот работат 1.800 келнерки и келнери кои, зависно од спретноста и брзината, за две недели напорна работа можат да заработат и до 10.000 евра.
Славната манифестација е втемелена на 17 октомври 1810 година, во чест на склпувањето на бракот на кралот Лудвиг и неговата избраничка Тереза. Всушност, градоначалникот Андреас Даларми го замолил кралот по тој повод да организира коњски трки, кои покасно прераснале во фестивал.
Веќе во 1835 година, на оваа прослава присуствувале 50.000 луѓе од цела Баварија. Од тогаш, со кратки прекини, секоја година се слави Октоберфест.
(Тотал)


 

KAPITAL

Најновиот број на Капитал донесува:

Tема на број:Грција нa работ на банкрот! Од ЕУ бараат 300 милијарди евра!
Недвижности: Становите нема да поскапат во 2010!
Европски фондови:Стигнаа првите 20 милиони...


ВАЛУТА Куповна Средна Продажна
EUR 61,35 61,66 61,97
USD 48,14 48,39 48,63
Цела курсна листа

  • Календар на настани

    <   Настани за месец септември 2010   >
    П В С Ч П С Н
      1 2 3 4 5
    6 7 8 9 10 11 12
    13 14 15 16 17 18 19
    20 21 22 23 24 25 26
    27 28 29 30  

Почитувани читатели и клиенти,

Ве известуваме дека од почетокот на 2010 година содржините на веб порталот Тотал ќе бидат привремено недостапни поради интегрирање на сите активности во рамки на компанијата Капитал Медиа Гроуп. Нашата компанија во 2010 година влегува во нова фаза од својот развој која освен издавањето на неделникот Капитал ќе вклучува и издавање на дневен весник за бизнис и политика. Освен тоа, бројот и интензитетот на издавање специјализирани изданија под брендот Капитал исто така останува наш силен приоритет и во следниот период, додека организирањето обуки, семинари, предавања, конференции и други настани од исклучително значење за македонската деловна заедница се наша долгорочна цел и визија од која не отстапуваме.

Потребата од интегрирање на сите овие функции со еден заеднички именител и препознатлив корпоративен имиџ доведоа до одлуката www.total.com.mk привремено да биде надвор од функција. Нашата Интернет видливост и определбата нашите Интернет содржини да бидат прв, посакуван и корисен извор на информации за нашите читатели и клиенти остануваат високо на агендата на Капитал Медиа Гроуп, поради што во периодот февруари-април, сите содржини ќе бидат интегрирани во една единствена веб адреса.


Со почит,
Капитал Медиа Гроуп