Регион

Договорот помеѓу Фиат и српската Влада ќе биде потпишан на 29 септември

Италијански Фиат и Владата на Србија на 29 септември ќе го потпишат договорот за стратешка соработка и заедничко инвестирање во крагуевската фабрика за автомобили Застава.
Како што минатата недела беше соопштено од српското Министерство за економија, потпишувањето на договорот за најголемата инвестиција во српската автоиндустриј, ќе присуствува и претседателот на Фиат, Серџо Мариконе, министерот за надворешни работи на Италија, Франко Фратини, српскиот претседател Борис Тадиќ, претседателот и подпретседателот на Владата на Србија Мирко Цветковиќ и Млаѓан Динкиќ.
На минатонеделниот состанок со владините претставници, потпретседателот на Фиат, Алфредо Алтавиа, ги извести потпретседателот на српската Влада и министер за економија Млаѓан Динкиќ и за плановите на компанијата со Ивеко и други компании од Фиат групацијата за инвестирање на неколку стотини милиони евра во Србија.
Италијанската комоанија Фиат и Владата на Србија на 30 април 2008 година потпишаа Меморандум за разбирање, стратешка соработка и заедничко инвестирање во крагуевската фабрика за автомобили Застава, за што италијанските партнери би инвестирале повеќе од 700 милиони евра. Со овој Меморандуме предвидено основање на заедничка компанија во која Фиат би имал 70% сопственост, а Србија би поседувала 30%, како и почеток на производство на два нови модели на Фиат во Крагуевац и зголемување на производството од 12.000 на 300.000 возила годишно. Владата на Србија би требало да инвестира околу 300 милиони евра во инфраструктурата во Крагуевац.
(Тотал)

 

KAPITAL

Најновиот број на Капитал донесува:

Tема на број:Грција нa работ на банкрот! Од ЕУ бараат 300 милијарди евра!
Недвижности: Становите нема да поскапат во 2010!
Европски фондови:Стигнаа првите 20 милиони...


ВАЛУТА Куповна Средна Продажна
EUR 61,35 61,66 61,97
USD 48,14 48,39 48,63
Цела курсна листа

  • Календар на настани

    <   Настани за месец септември 2010   >
    П В С Ч П С Н
      1 2 3 4 5
    6 7 8 9 10 11 12
    13 14 15 16 17 18 19
    20 21 22 23 24 25 26
    27 28 29 30  

Почитувани читатели и клиенти,

Ве известуваме дека од почетокот на 2010 година содржините на веб порталот Тотал ќе бидат привремено недостапни поради интегрирање на сите активности во рамки на компанијата Капитал Медиа Гроуп. Нашата компанија во 2010 година влегува во нова фаза од својот развој која освен издавањето на неделникот Капитал ќе вклучува и издавање на дневен весник за бизнис и политика. Освен тоа, бројот и интензитетот на издавање специјализирани изданија под брендот Капитал исто така останува наш силен приоритет и во следниот период, додека организирањето обуки, семинари, предавања, конференции и други настани од исклучително значење за македонската деловна заедница се наша долгорочна цел и визија од која не отстапуваме.

Потребата од интегрирање на сите овие функции со еден заеднички именител и препознатлив корпоративен имиџ доведоа до одлуката www.total.com.mk привремено да биде надвор од функција. Нашата Интернет видливост и определбата нашите Интернет содржини да бидат прв, посакуван и корисен извор на информации за нашите читатели и клиенти остануваат високо на агендата на Капитал Медиа Гроуп, поради што во периодот февруари-април, сите содржини ќе бидат интегрирани во една единствена веб адреса.


Со почит,
Капитал Медиа Гроуп