Оракл, на чие чело е милијардерот Лари Елисон, соопшти дека во првото фискално тромесечје, кое завршува на 31 август, ја зголеми нето-добивката на 1,1 милијарди долари или 21 центи добивка по акција, во споредба со 840 милиони долари или 16 центи добивка по акција во истиот период минатата година.
Ако се одземат еднократните ставки, како трошковите кои се врзани со аквизиција, добивката по акција изнесувала 29 центи, два центи повеќе од очекувањата на аналитичирите. Приходите се зголемени за 18%, на 5,33 милијарди долари.
Продажбата на лиценца за нов софтвер, мерка кои инвеститорите многу внимателно ја следат, пораснала за 14%. Приходите од надградувањето на лиценцата за софтвер и поддршка на производите пораснале за 23 % на 2,94 милијарди долари.
Прилагодената оперативна маргина на компанијата изнесуваше 40%, 3,5 процентни бодови повеќе од претходната година и претставува рекордно висока вредност за првото фискално тромесечје.
Компанијата ја објави и прогнозата за тековното тромесечје во склад со очекувањата, смирувајќи ги инвеститорите кои страхувале од последиците на економското забавување на работењето на таа компанија. Оракл исто так очекува и раст од 5% на продажбата на лиценца на нов софтвер, на 15%, и раст на прилагодените вкупни приходи за 12%, на 15% и раст на добивката по акција.
Акциите на технолошките компании, вклучувајќи ја и Оракл, ослабнаа како последица на загриженоста дека ќе им наштети глобалната кредитна криза и падот на личната потрошувачка.
(Тотал)