„Ајфон“, славниот мобилен апарат на „Епл“, што претставува комбинација од мобилен телефон и џепен сметач, стана најраспространетиот „смартфон“ во САД, покажа истражувањето на групацијата „Нилсен“.
Според податоците на оваа истражувачка група, „Ајфон“ има пазарен удел од 4%, така што се најде пред телефонот „блекбери“ од серијата 8.300 на компанијата РИМ, која има пазарен удел од 3,7% и телефонот на „Моторола“ од серијата РАЗР В3, со удел од 2,3%.
Според податоците на истражувачката група „комСкор“, 20% Американци кои планираат купување „смартфон“ во следните три месеци имаат намера да купат „Ајфон 3Г“ или „Ајфон 3ГС“, пренесоа француските медиуми.
(Toтал)