Интервјуа

Интервју- Анте Марковиќ, последниот премиер на Југославија

По оваа криза, капитализмот ќе мора да се промени

Пред дваесетина години Анте Марковиќ, го претстави својот план за излез од кризата на тогашниот југословенски политички врв. Тогаш тој го употреби изразот “новиот социјализам“. Денес, на 85 годишна возраст, во интервју дадено за хрватскиот бизнис магазин Лидер Прес зборува дека во оваа криза капитализмот ќе мора да се промени. Значи ли тоа дека денес заговара нов капитализам? Или, уште поточно, тој нов капитализам да не се разликува многу неговиот некогашен нов социјализам?
Последниот југословенски премиер инженер Анте Марковиќ кариерата ја започна како директор на Раде Кончар, каде што директоруваше долги години. Во негово време Раде Кончар од фабрика со две илјади вработени нарасна во фабрика со 25 илјади вработени, од кои 4,5 илјади инженери. За време на должничката криза во 1982 година стана претседател на хрватската влада, а во 1989 година кога Југославија почне да тоне во најдлабоката криза, го прифати сојузниот мандат.


За кратко време додека бевте премиер на Југославија успеавте да ја спречите хипер инфлацијата, динарот за првпат стана конвертибилен, странскиот долг беше преполовен, а девизните резерви зголемени речиси десет пати. Денес кога Хрватска тоне во рецесија очекувате ли некој да ве повика за помош?

Јас тоа го разбирам. Ерозијата во општеството е навистина голема, а мислам дека оваа година за Хрватска ќе биде катастрофална. Се плашам дека истекува времето во кое треба нешто да се направи со што состојбата барем би се ублажила. За жал, никој не презема ништо. Како да се чека се да среди ММФ и тоа не само со кредити, со кои би се враќале старите долгови.  Како да се посакува ММФ да го преземе решавањето на кризата, тие да не присилат да ги направиме потребните промени.

И вие во ваше време преговаравте со ММФ. Ги зборувате ли сите овие работи од сопствено искуство?

Да. Кога тогашниот американски претседател Џорџ Буш постариот ме повика на разговор, се сретнавме во Вашингтон и со тогашниот директор на ММФ Мајкл Камдесусом. Разговаравме сами, само со преведувач, речиси цела ноќ. Програмот на посетата беше толку напнат што разговорот го започнавме во десет часот навечер, а го завршивме во четири часот наутро. Јас тогаш знаев точно што сакам. Тој со огромно внимание ја разгледа мојот програма, прекинувајќи ме со бројни прашања и потпрашања, при што му кажав и кои се моите очекувања од ММФ. Ви требам за тоа и тоа...На крајот тој заклучи дека во својата пракса се уште не видел толку конзистентен и храбар проект. И беше спремен веднаш да одговори и да помогне на сите мои барања. 
“Ќе потпишам се што барате“, ми рече со самоувереност. Постои и службена белешка од тој разговор кој што го направи преведувачката Влада, но за жал ја немам кај мене. Заедно со многу други документи и тој остана во Белград. Тој беше само еден од разговорите со ММФ и во секој случај најважниот, бидејќи од тој разговор ја добив поддршката за својата политика. Односно, за концепцијата и програмот за излез од кризата во која тогаш се најде Југославија.

Сепак тоа било пред дваесет години. Од тогаш светот видно се измени. Може ли нешто од тогашната програма да се примени и денес, во времето на општа глобализација?

Основната содржина на таа програма вреди и денес, барем за првиот период на соочување со кризата. Симптомите на глобализацијата беа видливи и тогаш и според моето гледиште тие и го назначија крајот на капитализмот, барем каков што постоеше денес. Кој се симптомите? Во светот забрзано почна да се зголемува количината на пари во оптек, па нивниот вкупен износ толку нарасна што до денес за три до четири пати го надмина светскиот бруто производ. Балонот порано или подоцна мораше да пукне, само беше прашање на време кога.

Какви ќе бидат промените?

Се ќе мора да се гради од дното, а не од врвот па надолу. На луѓето треба да им се овозможи да преземат одговорност, но за тоа треба да им се осигураат и правата. Наместо да се зајакнуваат големите централни институции, под кои останува празнина системот треба да гради систем. Само на тој начин може кај луѓето да се створи мотивација. Тоа значи дека доаѓа време на регионализам и на некои облици на самоуправа. А тоа беше содржано и во мојата некогашна програма. Се знае каква приватизација покренав јас. Малку се знае иако и тоа  го напишав  дека целиот систем на сопственост треба да се заснова врз локалните единици на самоуправа. Власта треба да се распореди само на тој начин што на повисоко ниво ќе се пушта она што не може  да се реши на пониско. Тоа е сосема погрешен правец од оној низ кој се тргна. Сега повторно треба управата да се врати на граѓаните.

Кое е долгорочното решение на кризата?

Капитализмот ваков каков што е веќе не може да остане ист. Треба да се сочува мотивацијата, односно пазарот. Друго се треба да се менува. Најпрвин сопственичката структура, која е сосема отуѓена од човекот. Глобализацијата започна да се претвара во страшна централизација. Додуша капитализмот мораше да влезе во глобализација со што би се олеснила внатрешната противречност. А тоа значи дека истиот тргнал кон својот крај. Со тоа ја одложи кризата за десет, дваесет, можеби и триесет години. Но кога пука балонот книгата станува многу полоша одошто била претходно. Како тоа да се реши? Јас во одредена мера верувам во Обама иако неговите намери не ми се познати до крај. Неговите мерки ги сметам за посебно вредни бидејќи со нив успеа да ги мотивира луѓето и одново им влеа надеж. А тоа е најважно од се. Во контекст на тоа, да бидам искрен моите очекувања и не се баш големи. Ќе му биде пружен отпор од страна на моќни структури настанати врз основа на интересите од пари и моќ. Тие ќе капитулираат дури после длабоките тектонски пореметувања во општеството. Само ако мораат да капитулираат.

Зборувате ли за некаков облик на револуција?

Добро знаете јас од секогаш сум бил за еволуција, а не за револуција. Што
Што ќе се случи, најмногу зависи од способноста и мудроста  на политичките елити. Елитата мора да води, а не да ги кочи неизбежните промени. Во спротивно може да се случи се и сешто. Конечно и револуциите од француската, до руската резултираа со неспособни политичари, кои по секоја цена сакаа да го одржат излитената и безидејна ситуација.

 А во компаниите? Треба ли таму да се направи некој облик на самоуправа?

На странците им ги продадовме и банките и банкарите. Би замолил нашите водечки банкари да ми дадат десетина најдобри млади луѓе. Ќе ги префрлам во својата банка и ќе им дадам добар поттик.

Како да се започне со воведување на промени?

Ќе се обидам да го поедноставам проблемот. Кризата започна во финансискиот сектор, што значи дека таму треба најпрво да се соочиме со нејзините последици. Некои од решенијата веќе се применети во светот. Всушност, сето тоа е лажно богатство, тој пренадуен финансиски балон, треба да се отфрли, а не да се чува. Во времето кога бев на чело на југословенската влада, направив снимање на состојбата во банкарскиот сектор, која покажа дека постои голема т.н. контаминирана актива. Колку што јас се сеќавам, таа изнесуваше приближно 12,5 милијарди долари. Значи, токму толку беше и целиот надворешен долг на поранешна Југославија во 1991 година. За таа работа, ангажиравме една специјализирана шпанска екипа, која пред тоа ја спроведе реформата во банкарскиот состав во својата земја. Истиот човек, кој тоа го спроведе во Шпанија, беше кај нас и работеше на тоа повеќе од една година. Тој напиша цели книги со анализа. Оттаму извлековме податоци за таа контаминирана актива, и тоа за секоја банка посебно.

Преведете ни го изразот контаминирана актива?

Сомнителна актива. Тоа е банкарско побарување кое тешко или никако не може да се наплати. А истовремено се води како актива, значи како реално постоечки капитал, на темел на кој банките емитираат големи износи на нови пари. Тоа сега се случи и со Америка, но не само во Америка,  и тоа во неспоредливо поголем опсег. Една од мерките кои ни ги предложија Шпанците, беше да се замрзне цела таа сомнителна актива, а здравата да се пренесе во животните и стопанските текови. Нашиот човек за соработка со Шпанците беше заменик гувернерот на Народната Банка на Југославија, Митја Гаспари, инаку мојот фаворит за идниот гувернер. После тоа, тој рецепт го применија Словенците. Во моментот на осамостојувањето на нивните банки, во прв ред Љубљанска, имаа големи побарувања, кои не можеа да ги наплатат. Беа скоро пред колапс. Како се извлекоа Словенците? Ја основаа Нова љубљанска банка во која го пренесоа капиталот и целата здрава актива. Целата контаминирана актива, онаа која не можеше да се наплати, ја оставија во старата Љубљанска банка. На неа префрлија и голем дел од другите словенечки дубиози и ја осудија на смрт. Се разбира со текот на годините се обидуваа повторно од тоа да извлечат што е можно повеќе. Тоа во Хрватска никој не знаеше да го направи. Сега истото треба да се направи во делови од светот, најнапред во Америка. Треба да се соочиме со фактот дека голем дел од сегашните богатства е лажен и потоа да се одвои здравиот од болниот. Да се отсече она што го труе цел организам.

Кај нас се верува дека Словенците ја основаа новата банка за да ги излажат штедачите на Љубљанска банка во Хрватска и во Босна и Херцеговина?

Не, тоа беше само секундарна последица. Тие се спасуваа самите.
Хрватска, наспроти тоа, пак ги продаде сите банки?
А, што да се каже на тоа? Последното што би продал се банките. Тоа не значи дека некои банки не треба да се продадат, но тоа треба да се направи на крајот на процесот на приватизација. Дури кога самите ќе зајакнеме. Французите дури со закон ја оневозможија продажбата на банките, што кажува многу нешта само по себе.

Што би направиле вие сега, кога млекото е веќе прелиено?

Ќе ви кажам нешто што не се знае. Истото ме праша и Мато Црквенац во времето кога беше министер за финансии. Тој е единствениот од Владата на Рачам, кој се осуди да комуницира со мене. Но,да го оставиме тоа. Му реков дека треба да се задржи барем една банка под контрола, без оглед на тоа колку е таа мала. Потоа, таа треба да се зајакне, така што преку неа ќе се стимулира извозот, преку неа ќе се водат буџетски трансакции итн. Тогаш беше донесена одлуката да не се продава Поштенска банка.

Постоеше идеја и ФИНА да се претвори во банка. Таа има многу згради, а откога и е одземен платениот промет, го бара своето место под сонцето.

Подобро е да се потпрете на банка која веќе функционира. Треба таа да се зајакнува, за по неколку години да може да купи удели во други банки и така да стекне надзор над уште неколку банки. Може и да се прави обрт на сите буџетски средства преку една банка. Се разбира, со тоа би се изложиле на критиката дека го нарушуваме слободниот пазарен натпревар, но на тоа не треба да се обрнува внимание, со оглед на условите и односите кои сега владеат во светот.  Особено кога станува збор за земја која продала повеќе од 90% од своето банкарство. Но да се вратиме на Фина, зградите не значат апсолутно ништо, проблемот е во луѓето. Јас не би ги барал ниту парите, ниту зградите, туку би ги замолил нашите водечки банкари да ми дадат десетина најдобри млади луѓе. Тие би ги префрлил во својата банка и добро би ги стимулирал.
Истото треба да се случи и во компаниите. Капиталистичкиот состав мора да го зајакне надзорот на сите нивоа, за да се оневозможи она што се случи сега и економијата да се врати на патот на стабилниот развој. На тоа се засноваше приватизацијата која јас ја започнав. Од сите држави од поранешна Југославија, единствено Словенија продолжи по тој пат.

Приватизацијата, за жал во голема мерка е само минато свршено време. Кои од вашите реформи можат да бидат актуелни и денес?

За санацијата на состојбата, потребни се три сидра. Тоа се контрола на монетарната политика, вкупната јавна и државна потрошувачка и конечно платата. Благодарејќи на хрватскиот гувернер на Народната банка Жељко Рохатински, постои монетарното сидро, но тоа само не може да издржи доколку ги нема останатите сидра. Посебен проблем е преголемиот буџет, а слично беше и порано. Во тоа време постоеше и т.н. надворешнобуџетски биланс, кој беше нешто слично како буџетот. Преку него се стимулираа на пример, субвенциите за земјоделците.

Што финансираше вашата политика од буџетот, а што не?

Кратевме се што можевме, а најмногу војската, која трошеше 60% од вкупните средства. Потоа ги кратевме и издатоците за администрацијата, а ги зголемувавме средствата за царина и полиција. Јас инсистирав на зголемување на платите на цариниците.

Дали ги намалувавте социјалните издатоци, на пример, за здравство или за пензија која до тогаш, во однос на просечната плата, беше многу поголема отколку денес?

Не, тоа не ни падна на памет. Секоја стабилизација некој мора да ја плати, но животниот стандард порасна на сите. Освен тоа, општествените активности, како што ги нарекувавме тогаш, се финансираа од Републиката, и тоа не од буџетот, туку по пат на посебни фондови, кои се полнеа од доприносите. Тука треба да се прави рационализација, но не тоа не треба да биде преки намалување на правата на лечење.

Постојат уште сличности со минатото. И тогаш се тврдеше дека пресилниот динар го уништува извозот. Значи ли тоа дека денес се повторуваат некои стари грешки?

Тоа е тешко да се спореди. Тогаш се не зависеше од курсот. Ние истовремено, обезбедувавме средства, наменети исклучиво за финансирање на извозот. А сето тоа се одвиваше преку специјализирана банка за кредитирање на извозот. Така намалувањето на буџетот на економијата и носеше двојна корист, и директна и индиректна.

Значи дека вашата препорака за хрватската Влада е намалување на буџетот?

Се разбира. Тоа е единственото нешто кое сега може да се преземе за да се добијат брзи резултати. Тоа мора да го сфатат сите коалициски партнери и сите сегашни корисници на буџетот.

Како  да се реши проблемот со пресилната куна? Да се девалвира или не?

Тој проблем треба да се решава постапно, а не со еднократна девалвација. Всушност, таа има многу незгодна особина, нејзините користи се долгорочни, а штетата настапува веднаш. Растот на извозот може да се очекува за две до три години, а инфлацијата ќе започне веќе утре.

Но, со нереален курс, целата економија е нереална, па тогаш ќе имаме последици со кои сега сме соочени?

Тука има решенија, но кои можат привремено да ги разрушат односите со ЕУ. Во време кога увозот е двојно поголем од извозот треба да им се помогне на извозните компании, од кои корист ќе има цела економија.

Ја споменавте ЕУ, но таа тоа не го дозволува?

Секоја од членките на ЕУ сега бара решенија кои и одговараат, но тоа не оди до степен на загрозување на еврото. Опасноста е реална, затоа што секоја земја превзема мерки кои и одговараат, а користат заедничка валута. Се надевам дека тоа нема да се случи, но објективно се оди во таа насока.

Што уште предлагате како мерка за надминување на кризата?

Понатамошна мерка би било намалувањето на ДДВ. Јас знам дека тоа е најголемиот извор на приходи во буџетот, но неговото кратење и данокот на увоз ќе создадат доволен простор и за тоа. Останува уште третото сидро, а тоа се платите. Владата се обиде да го запре нивниот раст, но тоа не помина. Не може да се замрзнат платите, а сите други буџетски трошоци да се остават недопрени. Но замрзнувањето на платите сепак и не е доволно. Сите овие мерки заедно само можат да дадат резултат.

Голем дел од компаниите во последните месеци се соочуваат со поголеми тешкотии. Како да им се помогне? Најголемите држави во овој момент даваат пари за економијата?

Да даваат, но на банките, а не на производството. А тоа е погрешно. Кај нас државата зема пари од банките. На нашите компании може да им се помогне само ако им се овозможи простор за работа. На пример ако се поскапи увозот, ќе се отвори простор за пласман на домашните производи.

(Lider Press)


 

KAPITAL

Најновиот број на Капитал донесува:

Tема на број:Грција нa работ на банкрот! Од ЕУ бараат 300 милијарди евра!
Недвижности: Становите нема да поскапат во 2010!
Европски фондови:Стигнаа првите 20 милиони...


ВАЛУТА Куповна Средна Продажна
EUR 61,35 61,66 61,97
USD 48,14 48,39 48,63
Цела курсна листа

  • Календар на настани

    <   Настани за месец септември 2010   >
    П В С Ч П С Н
      1 2 3 4 5
    6 7 8 9 10 11 12
    13 14 15 16 17 18 19
    20 21 22 23 24 25 26
    27 28 29 30  

Почитувани читатели и клиенти,

Ве известуваме дека од почетокот на 2010 година содржините на веб порталот Тотал ќе бидат привремено недостапни поради интегрирање на сите активности во рамки на компанијата Капитал Медиа Гроуп. Нашата компанија во 2010 година влегува во нова фаза од својот развој која освен издавањето на неделникот Капитал ќе вклучува и издавање на дневен весник за бизнис и политика. Освен тоа, бројот и интензитетот на издавање специјализирани изданија под брендот Капитал исто така останува наш силен приоритет и во следниот период, додека организирањето обуки, семинари, предавања, конференции и други настани од исклучително значење за македонската деловна заедница се наша долгорочна цел и визија од која не отстапуваме.

Потребата од интегрирање на сите овие функции со еден заеднички именител и препознатлив корпоративен имиџ доведоа до одлуката www.total.com.mk привремено да биде надвор од функција. Нашата Интернет видливост и определбата нашите Интернет содржини да бидат прв, посакуван и корисен извор на информации за нашите читатели и клиенти остануваат високо на агендата на Капитал Медиа Гроуп, поради што во периодот февруари-април, сите содржини ќе бидат интегрирани во една единствена веб адреса.


Со почит,
Капитал Медиа Гроуп